Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Димитриевски: Министерот Филков работи принципиелно и во интерес на владеењето на правото

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека ЗНАМ останува доследен на принципите на владеење на правото, институционална одговорност и почитување на Уставот и законите, при што целосна поддршка дава министерот за правда Игор Филков и неговиот професионален пристап во раководењето со ресорот.

Во интервјуто за неделникот Фокус, Димитриевски потенцира дека ЗНАМ не ја гледа Владата низ призма на партиски надмудрувања, туку како систем на институционална координација и одговорност, каде секој ресор постапува согласно своите законски надлежности.

-Министерството за правда, предводено од министерот Игор Филков, има јасен и принципиелен став дека сите решенија мора да бидат во рамки на Уставот и законите. Владеењето на правото мора да биде над политичките или етничките калкулации,  посочува Димитриевски.

Реклама

Тој нагласиува дека прашањето за правосудниот испит не смее да биде предмет на дневнополитички притисоци или импровизации, туку дека решенијата мора да бидат системски, правно издржани и во согласност со мислењата на релевантните институции и меѓународни стандарди.

Претседателот на ЗНАМ ги отфрла шпекулациите за наводно маргинализирање на министерот Филков, оценувајќи дека станува збор за политички конструкции без реална основа.

-Министерот за правда Филков е во постојана комуникација и координација со Владата околу сите прашања од надлежност на Министерството. ЗНАМ целосно стои зад неговиот професионален, непристрасен и принципиелен пристап, истакнува во интервјуто Димитриевски.

Тој, како што информираат од ЗНАМ, потенцира и оти остануваат фокусирани на реформската агенда и реализацијата на програмските определби, а не, како што вели, на кадровски шпекулации и политички конструкции.

Димитриевски оценува дека ресорите што ги предводи ЗНАМ, Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, веќе испорачуваат конкретни резултати преку подготовка и усвојување на значаен број законски решенија, како и преку реформи кои добиваат позитивни оценки и од меѓународниот фактор.