Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Муцунски: Водиме кредибилна надворешна политика што ги штити националните интереси и достоинството на државата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на седницата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на седницата за пратенички прашања во Собранието истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси, достоинството на државата и стратешките приоритети.

Одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со евроинтеграцискиот процес и надворешната политика, министерот Муцунски потенцираше дека Владата води аргументиран и принципиелен пристап во комуникацијата со меѓународните партнери, притоа нагласувајќи дека „нема повеќе отстапки и попустливост што не вродуваат со резултати“.

Во таа насока, тој посочи дека барањето за дополнителни гаранции во однос на европскиот пат на државата е разумна и оправдана позиција, потсетувајќи на јавните ставови на повеќе европски лидери и претставници, меѓу кои и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и белгискиот министер за надворешни работи, кои ја нагласиле потребата од дополнителни уверувања и предвидливост во процесот.

Реклама

-Не е точно дека од државата се бараат само уставни измени, истакна Муцунски, оценувајќи дека суштинскиот проблем произлегува од „непромислените решенија од 2022 година“.

Министерот нагласи дека и покрај предизвиците, Владата во изминатиот период остварила значајни резултати на меѓународен план, посочувајќи дека државата стана прва во регионот што потпишала Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија.

Потсети и на потпишаните договори за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, Унгарија и Хрватска, оценувајќи дека тие придонесуваат за зајакнување на меѓународната позиција на државата, но и за економскиот и инвестицискиот развој.

Муцунски истакна и дека државата била „прва во Европа што одржала стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави во Вашингтон“, што, според него, претставува потврда за кредибилитетот и активната меѓународна позиција на државата.

Осврнувајќи се на реформскиот процес и европската агенда, Муцунски посочи дека државата е прва во регионот според исплатата на средства од Планот за раст на Европската Унија, што, како што нагласи, претставува јасен показател за сериозниот пристап кон реформите и европската интеграција.

-Водиме кредибилна надворешна политика, но истовремено и надворешна политика што стои во заштита на нашето национално достоинство и национален интерес, порача министерот Муцунски.