Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Томовски: Реновирањето на стара Комерцијална банка е при крај, сместувањето на дел од институциите во овој објект води кон финансиски заштеди

Реновирањето на два дела од старатата зграда на Комерцијална Банка – Нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реновирањето на два дела од старатата зграда на Комерцијална Банка – Нов дел и Бисер – е комплетно завршено, а во моментов се одвиваат активности во т.н. Стар дел, за кои се очекува да бидат завршени во втората половина на јуни – рече директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски.

– Минимум два пати неделно одржуваме состаноци со проектанти, ревиденти, изведувачи и ние како инвеститори. Секојдневно сме на терен во самата Стара Комерцијална Банка. Овој објект се состои од три различни делови – Новиот дел, Бисер и Стар дел. Нов дел и Бисер се веќе комплетно готови, останува уште Стариот дел којшто моментално поставени се машинскиот дел, електро, подовите се поставуваат, вратите се менуваат. Рокот, којшто е последен, и после тој рок ќе почнеме да наплаќаме пенали или активирање на банкарска гаранција е 20 јуни. Сум разговарал и со изведувачот, тврди дека ќе го заврши до 20 јуни, а од надзорот исто така кажуваат дека е возможно работите да се завршат во тој рок – рече Томовски.

Директорот на СОЗР, Томовски посочи и дека се размислува околу тоа кои институции би биле сместени во овој објект, од кои некои моментално плаќаат закупнина, со што истовремено би се направиле и финансиски заштеди, како и обезбедување на соодветни простории за вработените согласно сите европски стандарди.

Реклама

– Таму практично ќе внесеме повеќе институции, на следната Владина седница ќе ги одземеме од право на сопственост од сите институции и ќе ги прераспоредиме на ново. МИА ќе добие нови простории, Министерство за европски прашања, дел од животна средина само Инспекторатот којшто е во Државен завод за ревизија моментално сместен, размислуваме Лотарија на Македонија да ја сместиме тука, Второстепена комисија по жалби од работен однос, Национална агенција, Агенција за иселеништво и ова се дел институции коишто ви ги кажувам коишто плаќаат закупнина моментална и ние така би направиле заштеда – рече Томовски.

Тој вели дека при преселувањето ќе се внимава да се запазат стандардите за потребниот простор за вработените.

– Ако по правило одиме онака како што биле сместени овие институции во тој случај само МИА, Европски прашања и Второстепена треба да се вратат, другите да си останат каде што биле. И сега ние што правиме – ги фузираме, правиме рационализација, им даваме соодветни простории бидејќи по сите европски стандарди за еден вработен требаат од 4 до 6 квадратни метри, по таа формула идеме, пресметуваме и толку им доделуваме на институциите. Односно, да нема во една канцеларија од 50 квадрати еден вработен – изјави Томовски.