Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Одбележан 4-ти Мај – Денот на општина Маврово и Ростуше

Со пригодна свеченост Општина Маврово и Ростуше денеска го одбележа 4-ти Мај,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пригодна свеченост Општина Маврово и Ростуше денеска го одбележа 4-ти Мај, Денот на Општината.  
 
-На свеченоста исполнета со многу емоции, културно богатство и заедништво, присуствуваа голем број наши сограѓани, пријатели од земјата и странство, градоначалниците на соседните општини, како и претставници на државни институции, верски заедници и невладини организации, со што уште еднаш се потврди почитта и угледот што го ужива нашата заедница, информираа од секторот за односи со јавност. 
 
Во пригодното обраќање  градоначалникот Онер Јакупоски  ја истакна важноста на овој  датум, осврнувајќи се на постигнатите успеси и визијата за иднината. 


-4-ти Мај е симбол на нашата опстојност, на нашиот труд и на нашата љубов кон овој прекрасен крај.  Денеска славиме сè што сме изградиле заедно и ветуваме дека ќе продолжиме да работиме посветено за подобар живот на сите наши сограѓани, чувајќи го нашето единство како најголема вредност, истакна меѓу другото Јакупоски. 
 
Посебен момент на манифестацијата беше оддавањето признание на пријателите на оваа Општина од Република Турција. 

 -Во знак на благодарност за одличната  соработка и поддршката, беше доделена почесна плакета на Заменик градоначалничката на Општина Борнова, Дујгу Болук. Овој чин е потврда за силното пријателство помеѓу нашите две општини, кои преку континуирана соработка градат мостови на разбирање и напредок, наведуваат од секторот. 
 
Прославата беше збогатена со културно-уметничка програма, подготвена од учениците од општинските училишта, со традиционални ора и изворни песни од реканскиот и мавровскиот крај.  
 
– Тоа уште еднаш потсети дека младите се најголемите чувари на нашата културна оставнина. Овогодинешното одбележување на Денот на општината заврши со порака за просперитет и желба следната година да се сретнеме со уште поголеми успеси, посочуваат од секторот за односи со јавноста на оваа Општина.