Тим од врвни специјалисти од Универзитетската медицинска клиника од Бурса, Република Турција – еден од водечките истражувачки и медицински центри во земјата, предводен од д-р Сулејман Чечен, пластичен и реконструктивен хирург и специјалист за третман на изгореници, денеска беа во посета на Општина Кочани, каде имаа средба со градоначалникот Владко Грозданов.
Од Општината посочуваат дека во рамки на нивниот ангажман, биле извршени прегледи на неколку деца, при што беше обезбедена стручна проценка и насоки за понатамошен третман. Тимот изразил подготвеност и во иднина да остане на располагање, со цел континуирана грижа и поддршка.
Општина Кочани изразува искрена благодарност за нивната посветеност, професионалност и хуманост, кои претставуваат значајна поддршка за заедницата.
