Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ДПТМ: Поддржуваме реформи во високото образование, но со зачувување на принципите на повеќејазичност и образовен плурализам

Демократска партија на Турците на Македонија (ДПТМ) соопшти дека внимателно, одговорно и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократска партија на Турците на Македонија (ДПТМ) соопшти дека внимателно, одговорно и со висок степен на посветеност го следи процесот на донесувањето нов закон за високото образование, се наведува во соопштението на партијата. 

Во таа насока, преку континуирани консултации со релевантни институции, како и со експерти од областа на правото и образованието, нашите ставови, оценки и резерви – особено во однос на заштитата на правата и стекнатите придобивки на турската заедница – јасно и недвосмислено се пренесуваат до надлежните институции.

Посебно потенцираме дека секое законско решение кое би можело да го ограничи правото на образование на различни јазици или да создаде основа за затворање на универзитети и студиски програми е неприфатливо. Принципите на повеќејазичност и образовен плурализам, гарантирани со Уставот, мора да се зачуваат, унапредат и дополнително да се зајакнат.

Реклама

Демократска партија на Турците на Македонија (ДПТМ) ги поддржува сите конструктивни реформи насочени кон унапредување на квалитетот на образованието. Сепак, јасно истакнуваме дека нема да поддржиме никакви решенија што ги ограничуваат уставните права, го нарушуваат општествениот баланс и ги поткопуваат демократските вредности.

Во наредниот период, преку нашиот пратеник, ќе предложиме конкретни измени во Собранието, со цел да придонесеме кон изнаоѓање правично, инклузивно и одржливо решение.

Нашиот став е јасен: демократијата се зајакнува само кога сите заедници се еднакво и правично претставени. Со оваа определба ќе продолжиме со нашата решителна заложба за заштита на општествените права, зајакнување на уставниот поредок и унапредување на демократските вредности.