Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Нови програми за специјализации и супспецијализации – реформа за поквалитетен и поефикасен здравствен систем

Од следната академска година се воведуваат големи промени во медицинските специјализации во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од следната академска година се воведуваат големи промени во медицинските специјализации во Скопје, Тетово и Штип.Целта е да се подобрат здравствените услуги во градовите од внатрешноста.Тоа во пракса значи секој млад доктор кој сака да биде специјалист, прво ќе мора да помине петгодишно студирање по општа хирургија и интерна медицина. Дури потоа ќе може да се насочи кон потесна специјалност. Идејата на здравствените власти е лекарите да имаат пошироко знаење и да бидат поподготвени да работат каде што најмногу недостига кадар.

„Воведуваме засилена практична обука, особено во ургентната медицина и во интензивната нега. Се воведуваат засилени обуки во ‘point of care’ ултразвукот како стандардна вештина за секој интернист. Дефинираме минимални практични интервенции и овозможуваме поголема автономија на специјалистите во нивната секојдневна работа. Целта е образовниот процес да создаде интернист кој може самостојно да управува со комплексни и со итни состојби на секундарно ниво, со поширока клиничка подготвеност за состојби во однос на различни органи и системи“, кажа Алиу.

Од лекарската комора велат дека за оваа реформа контактирале со коморите од Германија, Австрија и Словенија, бидејќи тие ја организираат специјализацијата во тие земји.

Реклама

„Докторот во Македонија ќе го задржите ако го вработите и ако му дадете да се образува онака како што треба. Генерално, колегите имаат проблем низ внатрешноста со оние ‘усогласени специјализации’, затоа што законските регулативи го прават ограничен само на една специјализација во одговорноста и во препишување на медикаментозна терапија” вели претседателката на Лекарската комора.

Главната задача ќе ја имаат менаџерите на болниците, каде што тие ќе одлучуваат какви специјалисти им се најнеопходни.Наместо веднаш да се оди на тесни гранки, како торакална или абдоминална хирургија, лекарите прво ќе мора да стекнат широка основа.Според деканот Светозар Антовиќ, целта е специјализациите да бидат пократки, појасни и попривлечни за младите лекари.

„Целта на реформата од таа програма по општа хирургија и по општа интерна која ја ревидираме е да ја усовремениме и да ја направиме покомпактна и многу попримамлива за нашите колеги. И да кажам дека ќе биде таа специјализација со должина од пет години. Што треба тоа да постигне? Треба да постигне да сите установи коишто се на секундарно ниво, своите специјализанти ги праќаат, значи директорите да ги праќаат на општа хирургија и на општа интерна” – вели деканот на медицинскиот факултет проф. д-р Светозар Антовиќ.

Административно процедурата за реформата треба да помине на седница на Влада, а понатаму ќе ги известат  државните универзитети за да може академската постапка да почне кај нив.