Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ инструментализира уште едно прашање кое самата го остави како заложник

За овие речиси две години во опозиција, ДУИ не остави ништо без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За овие речиси две години во опозиција, ДУИ не остави ништо без да злоупотреби, само за да ја спаси сопствената политичка кожа, дури и грижите на студентите. Денес, без никаков морален кредибилитет, се обидува да инструментализира прашање што самата го држеше како заложник, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Истата партија, со неколку министри за правда, денес пролева крокодилски солзи за проблем што не го реши кога ја имаше целата моќ во свои раце. Во исто време, изненадувачки е како во текот на 20-те години владеење на ДУИ, кога образованието беше згазено, а многу неправди останаа нерешени, не беше виден ниту еден протест. Сепак, драго ни е што денес, со ВЛЕН во владата, студентите и општеството воопшто зборуваат послободно и поотворено ги артикулираат своите барања. Ова е доказ за поинаква политичка клима.

Дипломираните правници кои имаат намера да полагаат правосуден испит одржаа состаноци, нивните коментари беа слушнати и сега се работи сериозно на системско решение.

Реклама

Во оваа насока, како што веќе неколку пати рековме, формирана е работна група со експерти од областа, која ги испитува сите правни и институционални аспекти, со цел ова прашање да добие фер, изводливо и долгорочно решение.

Неправдите што се влечат со години не се решаваат со пролевање крокодилски солзи, туку со работа, одговорност и конкретни одлуки.

Ова е разликата меѓу нас и нив. ДУИ манипулира со проблемите што самата ги создал, додека ВЛЕН работи на нивно решавање. Исто како што ги решивме другите прашања што тие ги држеа како заложници, како што е проблемот на медресантите, ќе го решиме и ова прашање.