Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО

Припадниците на Генералштабот денеска го одбележаа Денот на Генералштабот и шестгодишнината од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Припадниците на Генералштабот денеска го одбележаа Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството на нашата држава во НАТО. На одбележувањето, покрај министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствуваа заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, поранешни началници на Генералштабот, активни и пензионирани генерали, претставници од Министерството за одбрана, како и команданти на првопотчинетите команди и единици на Генералштабот на Армијата.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во обраќањето пред присутните изрази благодарност до сите сегашни и поранешни припадници на Генералштабот, највисокото стручно тело во Армијата кое ги носи стратешките одлуки за тоа како ќе изгледа македонската Армија утре, после пет години, после десет години.

-Вашата посветеност, визија, вклучувајќи го и креирањето на плановите за опремување и модернизација на Армијата ни го покажува правецот кој мораме да го поставиме за да имаме силна Армија, способна да ја исполни својата уставна обврска, а тоа е безбедна и сигурна држава – рекол министерот за одбрана.

Реклама

Мисајловски додаде дека синергијата која постои помеѓу Министерството за одбрана и Армијата е јасна и видлива.

-Ќе продолжиме на истиот начин. Ќе продолжиме со истата посветеност, со истата љубов кон татковината заеднички и здружено да ја развиваме македонската Армија – рече Мисајловски.