Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Титан Усје: Апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола ги следи законските услови, компанијата и сега работи согласно ЕУ регулатива

Титан Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Титан Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со материјали за инфраструктурни објекти, вклучувајќи болници, брани, патна и јавна инфраструктура. Како одговорен член на заедницата, Титан Усје со внимание ја следи јавната дебата за животната средина и дава транспарентен придонес во неа, стои во реакцијата на компанијата.

Во интерес на правилно и точно информирање, би сакале да потенцираме дека компанијата и сега работи согласно Европската регулатива, односно според стандарди на работа кои се идентични со оние за која било цементарница која делува во Европската унија.

Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на А – Интегрираната еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од домашните законски обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат надминувања на законските лимити.

Реклама

И апликацијата за продолжување на А -интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти, а кои се во целост усогласени со европската регулатива.

Како членка на Групацијата Титан, се придржуваме до најдобрите меѓународно признаени практики и ESG стандарди, покажувајќи ја нашата долгорочна посветеност и одговорност кон заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и модерното корпоративно управување.