Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во паника за да ја зачува фотелјата во СДСМ ја турка партијата кон бездна, СДСМ е под целосна контрола на Заев преку Башановиќ и Шчекиќ

Венко Филипче очајно се обидува да ја зачува својата фотелја во СДСМ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче очајно се обидува да ја зачува својата фотелја во СДСМ, тоа е причината што целосно ја става СДСМ во функција на туѓи интереси и ја претвора во обична прокси структура под диригентската палка на Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционири во СДСМ, сега Заев преку Филипче директно го постави Башановиќ за шеф на ПР-комуникациите заедно со неговиот соработник Шчекиќ.

Башановиќ и Шчекиќ ги контролираат ПР-стратегијата и јавните настапи на Филипче.

Реклама

Венко Филипче не покажа капацитет за лидерство, напротив јавноста може да виде само политичка сервилност, Филипче не покажа самостојност, тука целосна зависност и потчинетост.

Филипче не само што нема капацитет да води, туку свесно ја жртвува партијата за да остане на позиција спроведувајќи агенди што не произлегуваат од членството, ниту од граѓаните, а се под водство на Башановиќ и Шчекиќ.

Сомнителните средби на Филипче надвор од државата во Ниш и Грција по насока на Заев и упорниот молк околу нив се директен показател дека клучните одлуки не се носат транспарентно, туку во затворени кругови, далеку од очите на јавноста. Ова претставува сериозен удар врз политичката транспарентност и довербата.

ПР-машинеријата на СДСМ се сведува на ширење дезинформации, манипулации и оркестрирани клевети, што јасно покажува дека партијата нема реални политики, туку се потпира на валкани кампањи за да опстане на политичката сцена.

Некогаш сериозна политичка партија, СДСМ денес е симбол на погрешно раководење, изгубен правец и целосно отуѓување од граѓаните. Заев, заедно со своите наследници ја доведе партијата до работ на политичка безначајност.

Ова не е само политичка криза во СДСМ, туку и јасен доказ за заробена партија, управувана од сенка, без легитимитет и без иднина.

Граѓаните заслужуваат вистина, одговорност и крај на ваквите политички практики.