Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, без вода корисниците од една улица во Нерези

Делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба денеска ќе останат без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, додека без вода поради уличен дефект ќе биде една улица во населбата Нерези. 

Според информациите од ЕВН Македонија, од 8 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ и фирмите „Милсон“ и „М-Гома“ во општина Кисела Вода, а од 10 до 12 часот деловните простории пред „Термо систем“, приватното училиште на улицата „Скупи“ и жителите на оваа улица во општина Карпош. 

Во периодот од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улицата „30“ во Трубарево. 

Реклама

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска од 9 часот до санирање на дефектот без вода ќе бидат жителите на улицата „Демир Трајко“ 2 во населбата Нерези.