Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Шеталиштето во Стар Дојран со ново хортикултурно уредување

Општина Дојран започна со хортикултурно уредување и разубавување на шеталиштето во Стар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Дојран започна со хортикултурно уредување и разубавување на шеталиштето во Стар Дојран, со цел да го оплемени просторот кој подолго време е со запуштен изглед. Со оваа иницијатива, како што велат од општината, ќе се врати сјајот на едно од најфреквентните и најпрепознатливи места покрај Дојранското Езеро.

Од општината информираат дека се засадува ново сезонско цвеќе и декоративни растенија за да се создаде пријатен амбиент за прошетка и одмор за жителите и туристите. Истовремено, повторно се уредуваат постојните жардињери, се кастрат и обликуваат зимзелените садници, со отстранување на сувите и оштетени гранки и расчистување на дивата вегетација.

– Посебен акцент е ставен на обновување и ревитализација на зеленилото со внимателно одбрани видови кои се прилагодени на климатските услови во регионот, со што се обезбедува долгорочна одржливост и полесно одржување на јавните површини. Со редовно кастрење и соодветна нега, постојните зимзелени форми добиваат уреден и репрезентативен изглед, а просторот станува побезбеден и попрегледен, се вели во соопштението на општина Дојран.

Реклама

Локалните власти апелираат до сите граѓани и посетители да го чуваат и почитуваат уредениот простор и со заедничка одговорност да се придонесе кон почиста, позелена и поубава околина. Од општината најавуваат дека активностите за одржување ќе продолжат и во наредниот период.