Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

МВР: За две недели поднесени 21 кривична пријава за семејно насилство, пет мерки притвор изречени во Скопје

Во последните две недели Министерството за внатрешни работи поднесе 21 кривични пријави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последните две недели Министерството за внатрешни работи поднесе 21 кривични пријави за сторени вкупно 25 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои шест кривични пријави се поднесени по брза постапка.

Како што информира денеска МВР, покрај ова на подрачје на СВР Скопје поднесени се пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за „загрозување на сигурноста и две кривични пријави за кривично дело „демнење“.

Притоа, изречени се пет мерки  притвор, како и една мерка „претпазливост“ на подрачје на СВР Скопје.

Реклама

-Најголемиот дел од кривичните дела во врска со семејно насилство се „загрозување на сигурноста“-11 и 10 кривични дела „телесна повреда“. Додека, регистрирани се по една кривична пријава за „тешка телесна повреда“, „неизвршување судска одлука“, „противправно лишување од слобода“,„обид за убиство“ и „полов напад и силување“. За делото „обид за убиство“ во Скопје од пред неколку дена, сторителот е лишен и се преземаат интензивни мерки за негово целосно документирање и затворање со соодветна кривична пријава, велат од МВР.

Според податоците по сектори, СВР Скопје поднесе пет кривични пријави, СВР Куманово поднесе две, СВР Штип три, СВР Охрид четири, СВР Струмица поднесе пет кривични пријави, а по една пријава поднесоа СВР Тетово и СВР Велес, велат од МВР.

Во текот на овие две недели на територија на целата држава пријавени се 39 настани во врска со кривични дела со семејно насилство и 63 поплаки во врска со семејно насилство.

-Во споредба со последбите неколку години, важно е да се потенцира дека во 2025 година бележиме тренд на зголемување на бројот на изречени мерки „притвор“ во рамки на кривичните пријави по брза постапка, кој продолжува и во 2026 година, особено по законските измени, се наведува во соопштението од МВР.