Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

ССНМ и „Еднаква“:  Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

ССНМ и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ по повод Меѓународниот ден на жената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ССНМ и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ по повод Меѓународниот ден на жената ја истакнуваат улогата на новинарките во одбраната на јавниот интерес и потребата од поголема родова еднаквост во медиумската индустрија. Тие се приклучуваат на меѓународната кампања „Тие сепак известуваат, не можете да ги замолчите“, повикувајќи на поддршка и заштита на жените во медиумите, се вели во соопштението од ССНМ. 
 
На Меѓународниот ден на жената, кога ја истакнуваме посветеноста на жените во сите сфери на општеството, ние од ССНМ и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ ја потенцираме улогата на жените во медиумите со акцент на потребата од родова еднаквост која сè уште е актуелна.

Новинарките и сите работнички во медиумската индустрија во Македонија се приклучуваат на кампањата на Меѓународната федерација на новинари под мотото „Тие сепак известуваат, не можете да ги замолчите“ со која на колешките им се порачува дека нивната улога е круцијална. Низ целиот свет, па и овде, жените во медиумите одбиваат да бидат замолчени и продолжуваат да известуваат за вистината одговорно и во јавен интерес, а ние го славиме нивниот придонес.

На овој ден застануваме во заштита на најхрабрите, најодговорните, правдољубивите жени. Ја потенцираме важноста на новинарките, на снимателките, монтажерките, лекторките и сите кои се дел од медиумската гранка. Оние кои продолжуваат да ја известуваат јавноста и покрај заканите, притисоците, навредите и заплашувањата.

Реклама

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и Меѓународната федерација на новинарите бараат правда за сите свои колешки кои биле цел на притисоци, закани, навреди и напади, само затоа што си ја работеле својата работа. Затоа, на овој датум ги славиме новинарките кои ги посветуваат своите животи на борба против неказнивоста, повикување на одговорност на властите и стремежот кон целосно отворено и информирано општество.

Денес, кога сме сведоци на сѐ поголемо насилство врз жените кои остануваат без институционална заштита, ССНМ и „Еднаква“ ги повикуваат сите свои членки и приврзанички да се приклучат на Осмомартовскиот протест, кој ќе се одржи во недела, 8 март, во 12.00 часот во Скопје, во паркот „Жена-борец“.