Реклама

Во новата сезона „Колегиум“ на Алфа ТВ – нов концепт, нова динамика и уште поактуелни теми

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Честитка од Гаши за 8 Март: Жените се цврстиот корен на човештвото

Претседателот на Собрание на Македонија, Африм Гаши, упати честитка до сите жени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собрание на Македонија, Африм Гаши, упати честитка до сите жени по повод Меѓународен ден на жената – 8 Март, изразувајќи благодарност и почит за нивната сила, посветеност и придонес во општеството.

Во честитката Гаши истакнува дека 8 Март е потсетник на значајната улога на жените во јавниот и општествениот живот, нагласувајќи дека нивниот придонес е непроценлив во секоја сфера.

-Овој посебен ден ни дава можност да ја истакнеме важноста на застапеноста на жените во јавниот живот, да оддадеме признанието за вашиот неспоредлив придонес во секоја област на општеството и повторно да потврдиме дека жените се цврстиот корен на човештвото, наведува Гаши.

Реклама

Тој додаде дека овој ден е ден за размислување, но и за завет и заложба за унапредување, гарантирање и заштита на правата на жените.

-Затоа, како претседател на Собранието, сакам да ве уверам дека овој дом на сите граѓани ќе продолжи да ја поддржува секоја иницијатива што ја унапредува оваа кауза, истакнува Гаши.

Во честитката, тој упати и повик до мажите да бидат дел од напорите за постигнување родова еднаквост, истакнувајќи дека тоа не е само женска кауза, туку заедничка одговорност на целото општество.

-Почитувањето на мајките во семејството и правичното вреднување на жените во јавниот живот е морална и човечка обврска. Почитувани дами, од срце ви го честитам 8 Март. Продолжете да бидете силата, разумот и доблеста на нашето општество, порача Гаши, честитајќи им го празникот на сите жени.