Реклама

Во новата сезона „Колегиум“ на Алфа ТВ – нов концепт, нова динамика и уште поактуелни теми

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Николоски по изјавата на Лосон: Како меур од сапуница се распрсна лагата за „мигранти за пари“

-“Вистината е секогаш најлесна…” фраза која често ја користам. Само кога се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-“Вистината е секогаш најлесна…” фраза која често ја користам. Само кога се кажува вистината се стига до целта! Некогаш потешко, но секогаш сигурно!

Денес како меур од сапуница се распрсна лагата на СДСМ за “мигранти за пари”, напиша на својот ФБ профил министерот за транспорт, Александар Николоски, откако британскиот амбасадор во нашата земја Лосон, изјави дека никогаш не постоел никаков договор за „мигранти за пари“ при потпишување на стратешкиот договор и договорот за шест милијарди фунти меѓу нашата земја и Велика Британија.

„Со Велика Британија имаме Договор за стратешко партнерство и Договор Влада со Влада за реализација на инфраструктурни проекти.
Тоа е историско постигнување за Македонија.
Откако лагите се распрснаа, сега останува со чист образ да работиме на реализација на проектите:
– БРЗА ПРУГА ТАБАНОВЦЕ – КУМАНОВО – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ГЕВГЕЛИЈА – СОЛУН.
– БОЛНИЦИ ВО ШТИП, ТЕТОВО И КИЧЕВО
– СОРАБОТКА ВО ОДБРАНАТА И САЈБЕР ПРОСТОРОТ
За доброто на македонските граѓани и вечно пријателство на Македонија и Велика Британија!“, напиша Николоски.

Реклама

Со ова тој одговори на повеќемесечната кампања која против него и Владата на Мицкоски се водеше дека при потпишување на Договорот со Бритаија, тие се согласиле во нашата земја да бидат примени и да бидат изградени кампови за десетици илјади мигранти на кои Лондон не им одобрил престој во таа земја.