Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Градоначалникот на Дебар Фисник Меља во посета на Љубљана, средба со Јанкович за урбан развој и заштита на животната средина

Градоначалникот на Општина Дебар,  Фисник Меља, кој е во посета Словенија, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Дебар,  Фисник Меља, кој е во посета Словенија, денеска  во Љубљана оствари средба со неговиот словенечки колега Зоран Јанкович. 

За време на средбата, двајцата градоначалници разговарале за искуствата и практиките во современото управување со градовите, урбаниот развој и организацијата на комуналните услуги. 
 
Љубљана претставува многу добар пример за одржливо управување со градот, особено во однос на чистотата на градот, урбанистичкото планирање, јавниот превоз и управувањето со јавните простори. 
 
-Во рамки на посетата,  градоначалникот Меља,  оствари средба и со заменик-градоначалникот на Љубљана,  Дејан Црнек, како и со раководителот на секторот за заштита на животната средина, каде се разговараше за политиките и практиките што градот Љубљана ги спроведува во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој, информираа од општината. 
 
Меља изразил посебно задоволство од остварените средби, гостопримството, подготвеноста за  соработката и можноста за размена на искуства кои можат да бидат корисни за понатамошниот развој на Општина Дебар.