Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката во врвот на СДСM преминува во политичка хистерија

Начинот на кој почнаа да се однесуваат функционерите на СДСM сè повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Начинот на кој почнаа да се однесуваат функционерите на СДСM сè повеќе наликува на секта, а не на политичка партија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Исти фрази, исти напади, исти координирани настапи и очајнички обиди да се создаде вештачка атмосфера на хаос во јавноста. Кога една политичка структура ќе почне да функционира како затворен круг кој живее од сопствени заблуди и постојано ги повторува истите конструкции, тогаш станува јасно дека проблемот одамна не е политички, туку многу подлабок!

Жал ни е што се однесуваат како секта и сериозно сме загрижени за психичката вознемиреност која очигледно владее во врвот на СДСM. Наместо аргументи, наместо политика, наместо барем минимална рационалност од нивните прес-конференции излегува нервоза, паника и очај.

Реклама

Стравот од сопствениот политички крај и одговорноста за пустошот што го оставија зад себе, ги тера да се движат низ темните ходници на тешките политички и психички трауми. Затоа реагираат нервозно, затоа врескаат на прес-конференции и затоа очајно се обидуваат секоја трагедија да ја претворат во политички циркус.

Ги повикуваме да застанат.

Да се преиспитаат.

Да ги анализираат сопствените потези.

Ако барем малку се погледнат од страна, ќе сфатат дека ова што го прават не е политика, туку симптом на сериозна политичка и психолошка криза.

Од почит кон јавноста и одговорноста кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ целосно ги негира и отфрла овие очајни и бесрамни обиди трагедиите да се злоупотребуваат за дневнополитички напади.

Македонија заслужува сериозна политика, а не политичка хистерија и очајни настапи од една партија која очигледно не може да се помири со сопствениот пораз.