Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја гаранција од 100.000 евра 

Се намалуваат административните документи со кои компаниите ќе можат да аплицираат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се намалуваат административните документи со кои компаниите ќе можат да аплицираат за да се стекнат со лиценца, како еден од новитетите кои се уредени во Правилникот за лиценци што го донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) којшто денеска стапува во сила.

РКЕ информира дека во новиот  Правилник за лиценци извршиле усогласување со обврските од Законот за енергетика и ги зајакнале условите за компаниите кои сакаат да поседуваат лиценци за трговија и снабдување со електрична енергија. Тие ќе мора да обезбедат гаранција (доказ) дека на сметка поседуваат 100.000 евра или овие пари ги имаат во основните средства.

Во Правилникот за лиценци се воведуваат нови енергетски дејности: складирање на гас, производство на биометан, производство на водород, производство на биогорива, полнење и продажба на садови под притисок со течен нафтен гас и трговија на компримиран гас, течен гас и водород.

Реклама

РКЕ напоменува дека за сите останати вршителите на енергетски дејности кои не се утврдени во Законот за енергетика (Член 4), може да продолжат да ја врши дејноста без лиценца најмногу до три месеци од донесување на Правилникот за лиценци и апелира овие компании да поднесат барање за лиценца за некоја од соодветните дејности кои се дефинирани согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци.

-Штом бидат создадени технички услови целокупната постапка за добивање на лиценци ќе биде дигитализирана и ќе може да се разменуваат документи преку Националниот портал за електронска комуникација, информира РКЕ.