Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спротивно на националните интереси, власта на СДСМ, Филипче и Заев стана испостава на режимите на Путин и Лукашенко

СДСМ на Зоран Заев и Венко Филипче седум години на власт водеше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ на Зоран Заев и Венко Филипче седум години на власт водеше антидржавна политика. За личните и бизнис интереси на Филипче и Заев, власта на СДСМ ги распродаваше националните интереси и ја стави под ризик стратешката ориентација на државата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо про НАТО и про ЕУ ориентирана држава, СДСМ на Заев и Филипче Македонија ја претворија во хибриден режим и продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко.

Власта на СДСМ е позната по тоа што спротивно на националните интереси, издаваше македонски пасоши на белосветски наркобосови и криминалци, како што беше и државјанството на рускиот олигарх близок до Путин и осуден криминалец во Украина за перење пари и корупција, Александар Онишченко.

Реклама

Но, давањето државјанства на светски криминалци не беше единствено што власта на СДСМ го правеше спротивно на државните интереси, туку и даваше милионски државни тендери на фирми на почесни конзули на држави блиски со руската политика, како што е Белорусија Борче Марковски.

СДСМ на Заев и Филипче на Марковски му доделиле милионски тендери, 141 на број за кои денес се наоѓа на обвинителна клупа. Од друга страна, пак, рускиот олигарх Онишченко избега од Украина поради перење пари и корупција, за да Македонија под тогашна власт на СДСМ, како многуте белосветски криминалци, и овој близок човек на Путин го прими со раширени раце.

Случајот со милионските тендери на Марковски и македонското државјанство на Онишченко, се слични по нивната природа, и во двата случаи постојат основани сомненија за коруптивни шеми.

Исто така, двајцата ликови се поврзани со луѓе блиски до Русија и тоа не води до заклучок, дека во времето на СДСМ, Заев и Филипче, спротивно на државните интереси, се негувале блиски односи со луѓе кои се поврзуваат со кругови блиски до Путин и Лукашенко.

Ваквата антидржавна и ненародна политика на СДСМ, Филипче и Заев која се води исклучиво од личните и бизнис интереси на поединци, треба да остане таму каде што е сега, во минатото.

Време е за достоинствено водење на државата, со заштита на националните и стратешки интереси.