Реклама
Македонија

Во Собранието работилница „Млад франкофонски парламент“

Во Собранието денеска ќе се одржи работилница „Млад франкофонски парламент“ на чие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе се одржи работилница „Млад франкофонски парламент“ на чие отворање ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер, швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер и Иванка Василевска, претседател на Секцијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.

Потоа ќе следи седница на Младиот франкофонски парламент – едукативна симулација „Имам став!“ под модераторство на Соња Стаменковска, од Парламентарен институт и ќе бидат доделени и сертификати за учество на настанот.