Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел

Успешно е завршен процесот на евакуација на сите македонски државјани од Израел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Успешно е завршен процесот на евакуација на сите македонски државјани од Израел кои изразиле подготвеност за тоа, информира министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

-Министерството целосно го координираше процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје, напиша министерот Муцунски на Фејсбук.

Станува збор, како што вели, за процес што бараше сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции.

Реклама

Тој информираше и дека е финализирана постапката за склучување договор со компанија која во следните денови се очекува да започне со реализација на летовите за евакуација на македонските државјани од останатите погодени подрачја, во координација со дипломатско-конзуларните претставништва.

-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму останува на 24-часовно располагање на македонските државјани за секоја потребна помош и поддршка, заклучи министерот во објавата.