Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Македонија

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала

Граѓаните на Струга денеска имаат можност да наполнат чиста и безбедна вода…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните на Струга денеска имаат можност да наполнат чиста и безбедна вода за пиење од цистерна, која јавното претпријатие „Водовод и Kанализација“ во различен временски интервал ќе ја постави на неколку локации.

Директорот на претпријатието Јованчо Мечкароски оцени дека има голем интерес кај граѓаните да наполнат вода.

– Во моментот имаме само една цистерна која ги исполнува условите. Според однапред утврден план во различни временски интервали цистерната ќе биде поставена кај Општа Болница, Градски пазар, Плоштад на Револуцијата и во населбата „Езерски Лозја“, изјави Мечкароски, нагласувајќи дека стружани и утре ќе можат да наполнат квалитетна вода согласно сите стандарди на наведените локации.

Реклама

Водата од градскиот водовор во Струга е забранета за пиење повеќе од три недели поради голема матност во изворот во „Шум“ од каде градот и околните села се снабдуваат со вода.

Мерењата на Центарот за јавно здравје вчера и денеска покажуваат резултатати во дозволените вредности и ако и утрешните мостри, односно три последователни се во границите на нормалата ќе биде дадена препорака за тргање на забраната.

Доктор Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје – Охрид информира дека денешните мостри од изворот „Шум“ покажуваат матност од 0,85, а слична е состојбата и во мерните места во градот, од дозволените 1,5 матност.

– И покрај тоа што матноста и во извор „Шум“ и во градот Струга е во граници на нормала, граѓаните нека се стрпат уште малку зашто вредностите на матноста не се постојани, варира од ден на ден, посочува Симоноска.

Општина Струга информираа дека стручните анализи покажале оти изворите „Шум“ и Горна Белица се дел од чувствителен карстен хидрогеолошки систем, во кој секоја површинска интервенција директно влијае врз квалитетот на подземната вода.

– Дополнително, присуството на неконтролирани ископи и депонии од комунален и градежен отпад во сливните подрачја претставува сериозен ризик за квалитетот на водата. Зголемената матност што се регистрира при интензивни врнежи е индикатор дека површинските материи навлегуваат во системот, што бара внимателен и стручен пристап, соопшти Општина Струга.