Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Протест на иницијативата „Сите за Палестина“ пред МНР поради нападите врз Иран

Под слоганот „Не во наше име“, група граѓани од иницијативата „Сите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под слоганот „Не во наше име“, група граѓани од иницијативата „Сите за Палестина“ протестираа пред Министерството за надворешни работи и надворешна трговија поради, како што велат, поддршката на воената интервенција на САД и Израел врз Иран.

Протестот го нарекоа антивоена блокада за да укажат дека „политиката на нашето МНР е вазалска и поддржува војна и уништување во кое умираат цивили, жени и деца“.

-Не во наше име. Ова мора да запре. Оваа недела Израел и САД во нападите убија над 100 девојчиња додека траат т.н. преговори за мир. Во меѓувреме, го затворија преминот Рафах, преку кој се евакуираат најтешко повредените, болните и изнемоштените Палестинци, и направија стотици прекршувања на меѓународното право, велат од иницијативата.

Реклама

Со поддршката на нападите, порачаа тие, нашата држава ги прекршува обврските што ги презела пред меѓународната заедница, односно големиот број ратификувани меѓународни договори и конвенции за заштита на човековите права и почитување на меѓународното право.