Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Сиљановска-Давкова – Руте: Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан

Денешните сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност, јакнење на активностите на инструментите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денешните сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност, јакнење на активностите на инструментите за рано предупредување и посилни и одржливи инвестиции во одбранбените капацитети. Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на целиот регион – нагласија на заедничката прес-конференција претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој е во официјална посета на земјата.

– Во овој момент, затоа е и генералниот секретар на НАТО тука, неопходно е во рамките на НАТО да се надминуваат разликите или да се усогласуваат разликите за да се обезбеди кохезија врз основа на заедничките вредности и принципи врз кое е втемелено НАТО – потенцира претседателката Сиљановска-Давкова.

Таа изрази уверување дека НАТО не е само воен сојуз, туку задница на споделена одговорност, но и најважно – на заедничка виизја и ние продолжуваме да бидеме одговорна членка на алијансата.

Реклама

– Како кредибилен сојузник, ние го спроведуваме планот на инвестиции во одбраната. Потенцирам дека не се во прашање проценти и бројки, туку инвестиција во заедничката одбрана и безбедност. Активно придонесуваме кон одбранбената позиција на НАТО и со тоа демонстрираме дека безбедноста е заедничка одговорност – рече претседателката.

Сиљановска-Давкова истакна дека најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е неговата итна и целосна интеграција во ЕУ и поради тоа, како што рече, очекува на претстојниот самит на НАТО во Анкара особено внимание да биде посветено на безбедносната состојба на Западен Балкан со оглед на актуелните предизвици.

– Мора да ставиме крај на вештачките причини и причините од идентитетски карактер за членство во ЕУ и да се фокусираме на Копенхашките критериуми. Најголемата инвестиција и гаранција не само за нашата безбедност, туку и за безбедноста на Европа во целина, е нашето членство и членството на Западен Балкан во ЕУ – нагласи претседателката.

Марк Руте истакна дека Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на источната страна на алијансата.

– Северна Македонија дава повеќе од 2 процента за одбраната од својот БДП, ова е огромен напредок и земјата дава свои заложби за да се постигне до 5 проценти како што беше ветено. Мораме да ги зголемиме придонесите кон одбраната и целосно да ги опремиме активностите на НАТО, сакам да ја поздравам поддршката на Македонија за Украина – рече Руте.

Тој истакна дека мора да соработуваме за да ја поддржиме нашата заедничка безбедност и Македонија игра значајна улога во заштитатат на безбедноста на Западен Балкан.

– Нашата посветеност кон регионалната стабилност е јасна, нема да дзволиме да се појави безбедносен вакуум. НАТО се посветува кон заштита на сите свои сојузници, од каде што и да доаѓаат предизвиците. Знам дека можеме да сметаме на Македонија да го одигра својот дел – потенцира Руте на заедничката прес-конференција со Сиљановска-Давкова.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: