Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Македонија

Патниот правец Ќафасан –  Елбасан денеска повторно отворен за сообраќај за сите видови возила

По 11 дена блокада патниот правец Ќафасан – Елбасан, делница Либражд –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 11 дена блокада патниот правец Ќафасан – Елбасан, делница Либражд – Прењас, е отворен за сообраќај за сите видови возила.

Преку објава на социјалните мрежи, Агенцијата за патишта наведува дека и тешките товарни возила ќе можат да се движат по овој патен правец, но само оние до 8,2 тона носивост.

-Сообраќајот ќе се одвива преку привремено пренасочена траса изградена веднаш до претходната постоечка, до целосна реализација на алтернативната траса, веќе објавена, на коритото на реката Шкумбин и интегрирана со железничката пруга, стои во објавата.

Реклама

Се додава дека патот ќе функционира со сигнализација на градилиштето и, привремено, ќе биде неасфалтиран додека не се стабилизираат слоевите, по што ќе се изврши конечното асфалтирање.

-Барајќи разбирање од сите учесници во сообраќајот и жителите на подрачјето, ги повикуваме да ја почитуваат сигнализацијата и упатствата на сообраќајната полиција, за да се гарантира безбеден сообраќај за сите, апелираат од агенцијата.

Поради големо свлечиште и оштетувања на споменатата делница од патот, кој е дел од Коридорот VIII, во договор меѓу албанските и македонските институции товарните возила овие денови минуваа преку граничниот премин “Блато” кај Дебар.