Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Промоција на водич за новинари и панел за состојбите во истражувачкото новинарство

Центарот за развој на медиуми ќе го промовира водичот „Вовед во истражувачкото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за развој на медиуми ќе го промовира водичот „Вовед во истражувачкото новинарство“ и организира панел дискусија за состојбите во истражувачкото новинарство.

Водичот „Вовед во истражувачкото новинарство“, преведен на македонски и на албански јазик од страна на Центарот за развој на медиуми, е издание на Глобалната мрежа за истражувачко новинарство (Global Investigative Journalism Centre) и е наменет за новинари од сите генерации, првенствено од редакциите на традиционалните, меинстрим медиуми, но и за студентите по новинарство, истражувачи на социјалните мрежи и сите други што работат на истражувачки проекти.

-Водичот е одговор на фактот дека меинстрим медиумите се помалку се занимаваат со истражувачко новинарсто кое во голем степен денес е домен со кој се занимаваат специјализирани редакции што функционираат на интернет, и обид да одговори на потребата од обука за основните вештини на истражувачкото новинарство како помош за редакциите на меинстрим медиумите, наведува Центарот.

Реклама

Водичот ќе биде достапен онлајн, на интернет страницата на Центарот за развој на медиуми на 3 март 2026 година.

На панел-дискусијата ќе се зборува за водичот, но и генерално за состојбите во истражувачкото новинарство и за односот што кон него го имаат традиционалните, меинстрим медиуми и редакции.

Преводите на водичот на македонски и на албански јазик, како и претстојниот панел, се дел од проектот „Истражувачко новинарство за ерата на информативен неред“, финансиран од Европската Унија. Целта на проектот е да придонесе за подобрување на квалитетот и за одржливоста на истражувачкото новинарство во Македонија, преку размена на знаења и вештини што ќе им помогнат на истражувачките новинари полесно да се справат со предизвиците што ги носи новото хаотични информативно опкружување, како и со идентификација на нови политики за поддршка на истражувачкото новинарство, вклучително и во мејнстрим медиумите.

На настанот, покрај претставници на Центарот за развој на медиуми, ќе говорат и Николија Апостолу (Nikolia Apostolou) од Глобалната мрежа за истражувачко новинарство, професорката Јасна Бачовска – Недиќ од Факултетот за новинарство на УКИМ и истражувачките новинари Џелал Незири  од Балканскиот институт за регионална соработка (БИРЦ), како и Тамара Чаусидис од БИРН Македонија.