Реклама

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Македонија

СУТКОЗ со свои забелешки за Законот за пушење

Го поддржуваат Законот за заштита од пушењето, но имаат низа забелешки со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Го поддржуваат Законот за заштита од пушењето, но имаат низа забелешки со цел да ги задржат вработените. Синдикатот СУТКОЗ кој ги опфаќа и вработените во секторите туризам и угостителство велат дека мора да има измени за да се спречи одливот на работници. Оттаму велат дека се повеќе вработени одлучуваат да прифатат сезонски ангажман во странство, па забраната за пушење дополнително може да го влоши проблемот.

„Треба да се најдат начини и мерки истиот да не придонесе за намалување на бројот на работници во овој сектор. Знаеме дека овие два сектори се дефицитарни со кадар, покрај ниските плати, дел од работниците ни заминуваат во странство. Така да сметаме дека и ова ќе биде еден вид на мал удар за исто така намалување на бројот на работници во овие два сектори“, вели Стојанче Кашиковски – претседател на СУТКОЗ.

Наместо забрана за пушење во затворени застаклени или тераси обложени со фолии, од СУТКОЗ бараат поригорозни контроли. Сметаат дека ако се дозволат посебни делови во угостителските објекти кадешто ќе може да се пуши, а повеќе инспектори вршат надзор, ќе бидат задоволени двете страни – и пушачите и непушачите.

Реклама

„Знаеме дека и во досегашниот Закон кој што предвидуваше одредени простори за пушачите или така наречени тараси, предвидуваше значи таков дел кој што пушачите ќе бидат во можност да уживаат едностано во тоа нивно задоволство“ – вели Стојанче Кашиковски, претседател на СУТКОЗ.

Додека од Министерството за економија најавуваат нова средба со угостителите и Министерството за здравство за да се донесе одлука што ќе биде прифатлива за сите засегнати страни, лекарите бараат итна примена на законот. Бројките се застрашувачки. Границата за консумирање тутун во Македонија е намалена на 12 до 14 години и се повеќе млади деца почнуваат со користење тутун.

Инаку од Синдикатот ги поздравуваат и најавите за поригорозeн Закон за угостителство кој меѓу другото предвидува и построги правила  за издавање лиценци и контроли за работа на угостителски објекти, бидејќи велат после трагедијата во Кочани, мора да се обезбеди и гарантира безбедноста и здравјето како на гостите, така и на вработените.