Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Стојаноски: Бројките говорат дека граѓаните се заштитени на улиците со „Безбеден град“, а Филипче и неговиот СДСМ, кои не ги поддржуваат проектите, продолжуваат да тонат

Последниот закон потребен од 1 февруари за да почне и официјалното функционирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последниот закон потребен од 1 февруари за да почне и официјалното функционирање на системот „Безбеден град“ денеска е пред пратениците.

Станува збор за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, со кој се предвидува можност за примена на технологиите како систем за детектирање преку технички средства и уреди за снимање, кои може да бидат добра алатка за брзо и ефикасно детектирање на сообраќајните прекршоци и спроведување санкции за нив, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

„Безбеден град“ е проект зад кој застанаа сите политички фактори. Поддршката е обезбедена на лидерската средба иницирана од претседателот Христијан Мицкоски.

Реклама

Но Филипче и ова негово СДСМ продолжуваат со деструктивната политика. Со одлуката да не ги поддржат проектот и потребните закони за негово функционирање покажуваат дека не се заинтересирани ниту за проект што овозможува безбедност на граѓаните во сообраќајот.

Дека станува збор за систем што дава резултати, говорат и бројките од Министерството за внатрешни работи.

Колку за илустрација, првиот ден кога почна тест-периодот на 1 декември камерите во Скопје регистрирале 110.000 прекршоци, од кои 90 проценти за брзо возење. Само за еден ден од функционирањето на системот, или на 2 декември, бројката драстично паднала на 50.652 прекршоци.

Во првите осум месеци од 2025 година во сообраќајни несреќи во земјата загинале 91 лице или по 11,3 луѓе месечно. Во 2024 година бројот на жртви на патиштата бил 142 лица или по 11,8 изгубени животи месечно.

Според информациите од МВР, бројката на смртни случаи е намалена од 11 на 2 смртни случаја во декември 2025 и во јануари 2026 година, а бројот на повредени како последица на непочитување сообраќајни правила во споредба со овие педесетина дена е намален за 35 проценти.

Граѓаните со овој проект се заштитени на улиците, а на СДСМ му останува да тоне со своите деструктивни политики.