Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ДПД Кочани официјално дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани ќе учествуваат во интервенции за справување со пожари на територијата на државата. Покрај човечките ресурси, на располагање на ДЗС и на државата ѝ се ставаат и шест специјализирани возила во сопственост на друштвото. 

Од ДПД Кочани истакнуваат дека ова претставува значајно признание за досегашната работа, посветеноста и континуираната заложба, кои биле препознаени од надлежните институции, а довербата официјално потврдена со овој договор. –Ова за нас е дополнителен поттик за понатамошен развој и унапредување на капацитетите, како човечки, така и материјално-технички“, порачуваат од ДПД Кочани, најавувајќи дека активно работат на нивно зголемување и дека во наредниот период ќе споделат нови информации и активности.