Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Дигиталната трансформација и новите технологии се клучни за одржлив економски раст

Дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста се клучни столбови и приоритети на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста се клучни столбови и приоритети на економска и фискална политика на државата, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето воведно обраќање на денешната конференцијата на престижниот „Економист“ насловена  „The Economist MeetUp – The World Ahead“, која се одржа во Скопје.

Како што потенцираше министерката, во услови на глобални економски и геополитички неизвесности, забрзани технолошки промени и трансформација на економските модели, ваквите настани се од суштинско значење за отворен и аргументиран дијалог меѓу носителите на политики, бизнис заедницата и меѓународните партнери, со цел заедничко креирање стабилна, конкурентна и отпорна економија.

Димитриеска-Кочоска, информираат од нејзиниот кабинет, кажа дека Министерството за финансии и Владата се силно посветени на модернизација, иновации и одржлив економски раст, при што посебен акцент се става на надминување на долгогодишните структурни предизвици кои ја ограничуваат продуктивноста, конкурентноста и довербата во институциите.

Реклама

-Дигитализацијата значи поефикасни и потранспарентни институции, помалку бирократија, подобра наплата на јавните приходи и пофер деловна средина. Сајбер-безбедноста е предуслов за стабилен и сигурен финансиски систем, а вештачката интелигенција веќе отвора нови можности за индустријата, финансискиот сектор и пазарот на труд, истакна министерката.

Таа додаде дека дигиталната трансформација, примената на вештачката интелигенција и јакнењето на сајбер-безбедноста се составен дел од Националната развојна стратегија 2024–2044, која претставува највисока долгорочна рамка за економски и општествен развој, насочена кон јакнење на конкурентноста, развој на човечкиот капитал и изградба на функционални и отпорни институции.

Во однос на фискалната политика, министерката нагласи дека за периодот 2026–2030 година фокусот е ставен на постепена фискална консолидација, одржлива и дисциплинирана јавна финансиска рамка и истовремено задржување на високо ниво на капитални инвестиции, особено во инфраструктурата, дигиталната трансформација и поддршката на долгорочниот економски раст.

Министерката им порача на бизнис заедницата и инвеститорите дека Македонија е стабилна, предвидлива и подготвена за забрзан развој, со јасна визија, силна институционална поддршка и партнерски пристап кон инвестициите и иновациите.