Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Димитриевски: СДСМ оди надолу, нема простор за отворање мигрантски кампови во Македонија

СДСМ е заробена партија, функционира по принцип на должничко-доверителски односи и таму…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ е заробена партија, функционира по принцип на должничко-доверителски односи и таму има луѓе против кои се водат сериозни кривични постапки во моментов, дополнително и поранешниот и актуелниот лидер исто така. Нема ништо ново, нема нова идеја. Сите наводно нивни конструктивни политики како опозиција се апсолутно неконструктивни. Креираат фиктивни сценарија, одредени заговори во јавноста, како со мигрантските кампови, тоа се само обиди да се избега од актуелните политички теми, како Законот за судскиот совет, со кој ќе се оневозможи да имаме вакво судство какво што го имаме – приватизирано или пристрасно судство. Потребна е правда и оваа власт ќе го испорача тоа, истакна вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија Максим Димитриевски. 

За новото раководство на СДСМ, Димитриевски вели „далеку од тоа да е ново“. – Една невидена рашомонијада, но нивна работа, само се потврдуваа онаа теза што ја зборувам подолг временски период. Не зборувам за членовите на СДСМ, зборувам за раководството. Во членството има прекрасни луѓе, не добиваат и никогаш нема да добијат шанса бидејќи ова е едно акционерско друштво. Ако во минатото беше 50/50 на релација Заев – Филипче, сега е 70/30 во акционерскиот удел во однос на Заев – Филипче. Тоа е нивна работа, нека тераат, рече Димитриевски во Дневникот на ТВ Сител. Додаде дека се поголем број членови на СДСМ бараат пристапница во ЗНАМ и „нашите врати се отворени, особено за вистинските социјалдемократи“. Според него, „СДСМ оди надолу и ова раководство ќе му прогласи стечај“.  

Димитриевски изјави дека дали ќе има или ќе нема предвремени избори тоа на ЗНАМ му одговара од секој аспект.  – Ние повторно ќе се провериме каде сме на политичката сцена. На Македонија и е потребна политичка стабилност и еден период каде треба да се испорача кон граѓаните, вели Димитриевски.

Реклама

За последниот извештај на ЕУ и дека нема напредок во правосудството, претседателот на ЗНАМ се осврна на вчерашната оставка на јавниот обвинител и рече дека „не можете со сила како извршна власт да се мешате во работата на независната судска или обвинителска власт“.  – Ете тргнаа некои процеси. Му беше оставено шанса на јавниот обвинител, за жал не ја оправда довербата. Мислењето во јавноста за таа независна власт во државата е таква. Министерот не може да оди по ходници и лично да ги разрешува судиите, туку треба да се донесат законски решенија кои ќе дадат можност на вистинските професионалци, да се одважат и да влезат во процесот на промени преку еден нов состав на Републички судски совет и во Советот за јавни обвинители, вели Димитриевски.

Тој истакна дека веќе одржале конгрес и оти е задоволен од работата на своите кадри. Вели дека разговараат со премиерот, кој има апсолутно право како мандатар да предлага нови имиња за ресори од кои не е задоволен во нивното работење, тоа ги опфаќа и кадрите на ЗНАМ. 

За носењето мигранти во земјава, Димитриевски вели дека за ова е разговорано во владината коалиција и никогаш не е отворено прашањето за отворање мигрантски кампови зошто Македонија нема таков капацитет. – Нам ни се потребни станови за млади брачни парови во Македонија, а не станови за мигранти, рече Димитриевски, кој потенцира дека нема простор за отворање мигрантски кампови во Македонија.