Премиерот Христијан Мицкоски учествува на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел, кој го води претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Пред почетокот на самитот даде изјава и порача Македонија да биде оценувана според достигнувањата, а не врз основа на билатералните прашања.