Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова го соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите. 

Потенцира дека се уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница ќе биде неговото разрешување, но оти би требало да му биде доставена во текот на денов.  

– Предлогот е доставен до пратениците. Ќе видиме утре дали ќе се дополни дневниот ред или ќе го предложиме ние како Кабинет до пратениците. Но, најверојатно утре ќе биде на седница на дневен ред. Ако денеска ја ставиме и го дополниме дневниот ред, ќе го известиме и ќе побараме да присуствува. Ќе гледаме порано да организираме денеска во текот на денот за да може да дојде утре. Како што се определени роковите по Деловник и закон, веднаш ќе постапиме. За нас како држава е многу битно што побргу да избереме јавен обвинител. Ќе постапиме по роковите кои се определени по законот и Деловникот, рече Гаши.

Реклама

Посочи дека до крајот на декември се очекува да се одржат четири пленарни седници. На 23 декември пред пратниците годишно обраќање треба да има претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на 25 декември да се оджи седница за пратенички прашања. 

Гаши на средбата со новинарите посочи и дека останува да бидат донесени уште два закона за да се заокружи Реформската агенда, а тоа се Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет.