Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Граѓаните се за смена на обвинителот Коцевски и против зголемување на платите на судиите и обвинителите

Најновото истражување на јавното мислење, објавено од порталот МКД.мк, а реализирано од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновото истражување на јавното мислење, објавено од порталот МКД.мк, а реализирано од агенцијата „Маркет вижн“, покажува силно изразено незадоволство кај граѓаните од функционирањето на македонскиот правосуден систем. Резултатите укажуваат дека довербата во судиите и јавните обвинители останува ниска, а мнозинството испитаници не сметаат дека тие заслужуваат повисоки плати.

Според анкетата, дури 73,6 проценти од граѓаните се изјасниле против зголемување на платите на судиите и јавните обвинители. Наспроти тоа, само 14,8 проценти од испитаниците оцениле дека дополнителните средства за правосудството се оправдани. Доминира ставот дека финансиското подобрување нема да донесе суштински промени и дека состојбата во судството нема значително да се поправи со повисоки примања.

Истражувањето опфаќа и оценки за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Негативна оценка за неговиот ангажман дале 42,3 проценти од анкетираните, додека 22,2 проценти сметаат дека тој соодветно ја извршува функцијата. Значителен дел од јавноста, речиси 40 проценти, се изјаснил дека Коцевски треба да биде разрешен од функцијата.

Реклама

Анкетата е спроведена во периодот од 25 ноември до 6 декември 2025 година, преку CATI методологија – телефонско анкетирање со компјутерска поддршка. Истражувањето е реализирано на примерок од 1.200 испитаници, кој е репрезентативен на национално ниво според регионалната распределба, полот и возрасната структура на населението.