Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите ќе бидат јавно објавени

Стефан Андоновски соопшти дека лидерот на опозицијата, Венко Филипче, во 2018 година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стефан Андоновски соопшти дека лидерот на опозицијата, Венко Филипче, во 2018 година гласал за одлука со која се предвидува изградба на камп – прифатен центар за мигранти во скопската населба Бардовци, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновски истакна дека е апсурд и класична манипулација тоа што токму Филипче и СДСМ денес обвинуваат за наводни мигрантски договори, а постои одлука на Владата од 23.01.2018 година, објавена во „Службен весник“, со која се планира прифатен центар за странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграција при МВР, во Бардовци.

Тој потсети дека по оваа одлука имало и протести на месното население во делот помеѓу Бардовци и Чучер-Сандево, каде што граѓаните јасно се спротивставиле на изградбата на ваков камп.

Реклама

„Апсурдно е да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ градело или прифаќало мигранти, без ниту еден единствен доказ дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преговарала на оваа тема. ВМРО-ДПМНЕ беше владата која го менаџираше најголемиот бран на мигранти со кој се соочи државата и ја бранеше Европа од Европа“, нагласи Андоновски.

Според него, скандалозно е што „човекот кој три дена држи прес-конференции за мигранти, во 2018 година гласал за изградба на мигрантски камп во Македонија, конкретно во Бардовци“.