Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Митева: Најдобра потврда за предлогот на Владата е довербата од 2 процента која ја имаат и судството и обвинителството

Јас ги наведов сите причини од кои Владата се одлучи на ваков…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јас ги наведов сите причини од кои Владата се одлучи на ваков чекор, ценам дека граѓаните ова го поддржуваат и сметам дека најдобар показател за тоа е довербата од 2 процента која ја имаат и судството и обвинителството, што е буквално статистичка грешка. Ако сакаме правна држава, состојбите мора да ги подобриме, рече портпаролката на Владата Марија Митева коментирајќи ја денешната изјава на државниот јавен обвинител дека неговото разрешување што го најавува Владата и премиерот е „нивна политичка одлука“.

-Можеме често да ги слушнеме таквите изјави на оние неколкумина коишто постојано бараат некаков мотив во нивното непостапување или во кршењето на законот и Уставот за коишто се избрани пред граѓаните, додаде Митева одговарајќи на новинарско прашање откако соопшти за усвоениот предлог на седница на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. 

Обвинителот денеска, пред седницата на Советот на јавни обвинители на која се избираше претседател, за најавите дека ќе биде разрешен изјави дека тоа е политичка одлука и дека за да биде разрешен треба да сторил тешка дисциплинска повреда.

Реклама

-Тоа е политичка одлука. Согласно важечкиот закон, јас треба да сторам тешка дисциплинска повреда. Тоа Советот на јавни обвинители го констатираше дека од моја страна не е сторена тешка дисциплинска повреда. Понатаму постапката, предлогот оди во Влада, односно Владата може да го достави до Собранието. Тоа не е моја надлежност, рече денеска Коцевски. 

Митева информираше дека предлогот до Собранието за разрешување на Коцевски од функцијата е врз основа на член 88 став 1 од Законот за Јавно обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители.

-Поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на ЈО. Неовластено изнесување информации, податоци за судски предмети, со што ја повредил обврската за тајноста на постапката согласно закон. Нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед, не постапувајќи согласно обврските предвидени со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, изјави  Митева. 

Како последица на сторените повреди, додаде, во изминатиот период е „евидентна нарушената функционалност на Јавното обвинителство и сериозно е нарушен интегритетот“.