Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Американскиот генерал-мајор Најт го одликува началникот на ГШ на Армијата Лафчиски со Медал за истакната служба

Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, денес престојуваше во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, во рамки на неговата официјална посета на Македонија. По пречекот со високи воени почести, тој оствари средби со началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, со министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Министерот Мисајловски, како што се наведува во соопштението, изрази благодарност за досегашниот ангажман и личниот придонес на генералот Најт, осврнувајќи се на тридецениското партнерство и соработка помеѓу Армијата на Македонија и Националната гарда на Вермонт.

-Заедно ја унапредивме интероперабилноста, програмите за обука и подготвеноста, кои се клучни елементи на нашата заедничка посветеност на мирот и безбедноста. Ми беше привилегија да работам со вас, рече Мисајловски и додаде дека под водство на генералот Најт соработката меѓу Националната гарда на Вермонт и нашата Армија, преку која реализиравме бројни активности – учества во мировни операции, заеднички вежби, обуки и едукација на персоналот – не само што продолжи, туку стана посилна, подлабока и позначајна.

Реклама

Генералот Лафчиски се заблагодари за континуираната поддршка од Најт, истакнувајќи дека таа била препознаена во сите армиски единици. Дополнително, тој ја нагласи важноста на понатамошното унапредување на заедничките активности, особено во рамки на развојот на АП „Криволак“, обуката на персоналот и меѓународните вежби.

Генералот Најт истакнал дека за него ова партнерство претставува „навистина извонредно искуство“, додавајќи дека напредокот, заедничките постигнувања и професионализмот прикажан со текот на годините „се навистина впечатливи и вредни за признание“. Тој се заблагодари за гостопримството, колегијалноста и пријателството меѓу Армијата и Националната гарда на Вермонт.

Во знак на благодарност за успешната соработка, како и поради завршување на мандатот на генералот Најт, во Генералштабот на Армијата беше организирана церемонија на која министерот Мисајловски и генералот Лафчиски, на командантот на НГ на Вермонт му доделија пригодни подароци.

Во оваа прилика за остварени особени резултати и достигнувања во координацијата и соработката со Армијата на Македонија, генералот Лафчиски му додели златна значка за партнерство на потполковник Патрик Енрикез, за време на неговата служба во Канцеларијата за одбранбена соработка со  САД во нашата држава, која ја извршуваше во период 2017-2020 година.

На завршетокот на официјалната церемонија, генералот Лафчиски од страна на генералот Најт беше одликуван со Медал за истакната служба на Националната гарда  на Вермот, одликување кое се доделува за извонредна и витална поддршка на Програмата за државно партнерство со САД. При ова генералот Најт ги истакна лидерството и експертизата на генералот Лафчиски, кои имаат директно позитивно влијание врз напорите на Македонија во постигнување на НАТО целите како ценет партнер.

По активностите во Генералштабот и Министерството за одбрана, командантот на Националната гарда на Вермонт во текот на денот ќе оствари средба и со претседателката на Македонија и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова.

Во текот на утрешниот ден, генералот Најт ќе ја посети Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, каде се предвидени средби со раководството на оваа високообразовна институција.

Во рамките на петдневната официјална посета, која започна на 07.12.2025 година, генералот Најт во текот на вчерашниот ден оствари и средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.