Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Контролите на максимум – откриени дрога и недозволени предмети во затворите

По десетина телефони се одземаат од притвореници и затвореници во затворот „Шутка“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По десетина телефони се одземаат од притвореници и затвореници во затворот „Шутка“ при контролите кои се прават секојдневно. Но не само тоа. Бројни недозволени предмети пронаоѓа затворската полиција за што се прават дури и вонредни контроли за безбедноста во затворот да биде на највисоко ниво.


Последно што влезе дури и во билтенот на МВР, беше заплената на дрога и поголема количина лекови во „Шутка“ и во најголемиот затвор во Македонија – Идризово.

  • Во КПУ „Идризово“ за време на извршен преглед кај осудениците Д.Т., И.Д. и Н.В. била пронајдена и одземена поголема количина таблети.
    Во КПУ „Затвор Скопје“ затворски службеник, за време на редовна обиколка во 22 часот, ги затекнал осудениците Д.В. и Г.А. како консумираат кокаин
    “ стои во билтенот на МВР.

И во двата случаи полицијата утврдува како таблетите и кокаинот стигнале во затворите. Директорот на Шутка, Бобан Утковски, вели дека во секојдневните контроли полицајците одземаат сѐ што е забрането, а е внесено во ќелиите. Претресите се строги, а затворениците мора да се придржуваат кон правилата.

Реклама
  • „Затворската полиција спроведува континуирани контроли во целата воспитно-поправна установа, главен фокус е спречување за внесување психотропни супстанци и апарати за комуникација, каде што имаме редовна проверка на протокот на лица и одржување на стабилна безбедносната состојба. Во рамките на своите задолженија службените лица остварија значителен напредок во откривањето на психоактивните супстанци и другите недозволиви средства. Секојдневно вршиме прегледи на храна и добра што се внесуваат од надвор, детални проверки при појава на сомнителни неправилности, претреси на просториите доколку се забележат девијации“ вели во изјава за Алфа, Бобан Утковски – Директор на Истражен затвор „Скопје“.

За подобрување на условите во македонските затвори во тек се или завршија повеќе огласи за вработувања. Само во истражниот затвор „Скопје“ треба да се вработат нови 35 затворски чувари со што ќе се надмине голем проблем бидејќи неретко има недостаток на к

  • „Паралелно се работи на подобрување и окрупнување на човечкиот фактор. Очекувањата се дека со новите вработувања кои се во тек, дополнителна обука и подигнувањето на персоналниот капацитет ќе бидат целосно реализирани до крајот на годината. Со ваквиот пристап Затвор „Скопје“ се позиционира како установа која решително го трасира својот курс“ рече Бобан Утковски – Директор на Истражен затвор „Скопје“.

За зголемување на безбедноста истражниот затвор летово постави 30 нови висококвалитетни камери. Од три локации во затворот се надгледуваат притвореници и затвореници од висок безбедносен профил, како на пример Љупчо Палевски Палчо и неговата група кои чекаат правосилност на пресудата, групата од Диво Насеље и уапсените членови на нарко картелите во Македонија.