Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Хотелиeрите и угостителите бараат намалување на ДДВ и субвенции за вработените во туризмот

Хотелиерите и угостителите една деценија бараат намалување на ддв-то за храна од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хотелиерите и угостителите една деценија бараат намалување на ддв-то за храна од 18% ,најмалку на 10 %. Ослободените сретства како што велат, би ги искористиле за надминување на проблемите со кои се соочуваат, почнувајќи од недостиг на квалификувана работна сила,стручен кадар, потоа покривање на високите трошоците кои се само дел од предизвиците со кои се соочуваат.Велат декависоката стапка на ДДВ на услугите, ја намалува конкурентноста во однос на соседните земји.

 “Оданочувањето ресторантско  да се намали ДДВ-то,за да бидеме поконкуренти.Ако тоа не се намали, ако работниците ни се прескапи тогаш велиме скапо е едно кафе или што и да е во Охрид,но тоа е резултат што  допринесува на оскапување на сите тие производи.Знали потребно е да се разгледа уште еднаш тоа прашање” -вели Крсте Блажески,претседател на ХОТАМ

И ова не е единственото нивно барање, со кое настапија пред новоформираниотсовет за туризам од кој меѓудругото бараат и субвенционирање на платите за вработените.

Реклама

 “Беше побарано и уште бараме некаква субвенција на вработените кои остануваат 12 месеци да бидат субвенционирани еден дел.Барем неколку месеци во таа најниска сезона да можат да ни помогнат да не правиме големи загуби” –вели Блажески

Дел од експертите по туризам без влакна на јазикот,велат повеќе од 30 години хотелиерите, угостителите,агенциите постојано бараат помош која треба да биде оправдана.Посочуваат дека субвенционирањето е краткорочна економска мерка.

 “Не смееме да дозволиме тоа да прерасне во еден должничко доверителски однос, односно да дојде до степен на паразитизам.Бидејќи од 201та година па и до ден денес нашиот туризам и туристички развој, се базира на субвенцонирање. Треба да се направи ресет,да секоја помош е добредојдена, но треба да се размислува претриемнички.Претприемништвото е доведено до еден непрепознатлив степен” -вели проф.Климент Наумов-ФТУ

Ненавремената категоризација и административните процедури,недостигот од квалификуван кадар во сезоната,падот на квалитетот на услугата и оптоварената инфраструктура,кратката туристичка сезона и нестабилните приходи,формирање туристичка инспекција се главните проблеми кои ги лоцира Советот за туризам кој како советодавно тело ќе има значајна улога во обликувањето и креирањето на туристичката политика на Македонија.