Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Мицкоски: Стратегијата Македонија 2030 е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање на 18. партиски конгрес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање на 18. партиски конгрес го претсви документот кој претствува новото поглавје – Стратегија  Македонија 2030, пропратено со нова парадигма, и Идиолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните. Визија која, рече,  треба да ја гради државата за генерацијата која доаѓа.

-Последниот конгрес дојде веднаш по победата на локалните избори во 2021та година кои беа всушност вовед и пресврт во политичкото делување на оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој 4-годишен период победивме убедливо и на претседателските избори, и на парламентрните избори со што и ја добивме одговорноста да управуваме со Владата. Овој конгрес се случува по убедливата и би рекол историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на последните локални избори. Овие победи покажаа дека Македонија заслужува иднина и напредок и дека ја оправдуваме довербата од граѓаните. Сите овие победи му припаѓаат на секој еден член, на секој еден човек кој дал влог за нашата партија. Но овие победи за мене се и одговорност, не само да се води државата, но и точно да се трасира патот каде треба да се движи во периодот што доаѓа, рече Мицкоски.

Тој посочи дека би бил неодговорен пред себе и пред делегатите, доколку се остави на стихијата и на радоста на победите, затоа што во исто време додека овде, вели, одбележуваме уште еден конгрес, неприкинато се потсетувам и мислам на тоа колку уште многу работи мораме да направиме и дека народот сеуште живее тешко и мачно и дека ние сме тие кои мораме да ги исправиме неправдите но и да донесеме надеж и иднина за генерациите што доаѓаат.

Реклама

-Визијата за Македонија 2030 е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава, со економија што расте на знаење и труд, со институции што опстојуваат над политичките циклуси, со самосвесен национален идентитет, со зелен и технолошки развој, и со општество што верува во заедничката иднина. Оваа визија не е декларација. Таа е рамка за политичко дејствување. Таа бара политика што е сериозна, континуирана и спремна да ја стави државата пред дневната добивка. Токму во тоа се мери зрелоста на една политичка сила, а во следните години тука ќе се мери и зрелоста на државата, рече Мицкоски.