Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Мицкоски: Период на стабилизирање и консолидирање на македонската економија, после катаклизмата што ја оставија СДСМ и ДУИ

Растот на БДП од 3,8 проценти во третиот квартал годинава, покажува дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на БДП од 3,8 проценти во третиот квартал годинава, покажува дека на површина излегуваат првите индикатори за стабилизирање и консолидирање на македонската економија, после катаклизмата која што во своето седумгодишно владеење ја оставија СДСМ и ДУИ, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Според него ова е само еден од показателите дека економските текови одат во позитивен правец, дека во државата повеќе нема Влада која што се занимава со плантажи со марихуана, наместени тендери, која создаде политички милионери и зад себе остави многу други скандали.

-Тој период на консолидирање завршува и ова се првите индикатори дека на економијата и оди добро. Со тоа паѓаат во вода сите оние лаги и конструкции кои што СДСМ и останатите политички партии во опозицијата, би рекол изминативе денови и недели ги испраќаат во јавноста. 3,8 проценти реален раст во третиот квартал  2025-тата година, надополнет со историски 10,2 проценти раст номинален на БДП е навистина показател и податок, кој што услови на ваков пазар во Европската Унија, за нас претставува огромно достигнување, изјави Мицкоски.

Реклама

Според бројките за растот на бруто домашниот производ во третиот квартал пред Македонија се само Ирска и Данска, додека државава го дели третото место во Кипар. За Мицкоски тоа е само уште од доказите дека економијата оди во позитивна насока и Македонија е убедливо најдобра во регионот, иако претходната Влада оставила дупка во буџетот поголема од 200 милиони евра.

-Да речеме соседна Србија е некаде околу 2 проценти, во Грција се очекува 1,7 проценти, Турција е некаде 3,7, но во услови на 33,1 проценти инфлација за ноември месец. Кај нас очекувам стабилизирање на околу 4 оваа година, следната година да бидеме меѓу 2 и 3 проценти. Така што овие индикатори се навистина охрабрувачки дека конечно сме се консолидирале и можеме да почнеме да размислуваме за развој. Побргу од што очекувавме се консолидиравме, изјави Мицкоски.

Премиерот потенцира дека следната година на економски план ќе биде предизвикувачка бидејќи треба да се вратат повеќе од 2,2 милијарди евра заостанати долгови од минатото, но смирува дека имаат план и стратегија.

Матеја Петровски