Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Мицкоски: Македонија влегува во деценија на зрелост, наша генерациска мисија е да покажеме дека државата знае и дека државата ќе успее

Aко нешто научивме во сите овие години, тоа е дека Македонија не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Aко нешто научивме во сите овие години, тоа е дека Македонија не паѓа кога е тешко – паѓа кога се откажува. Денес одбиваме да се откажеме. Одбиваме да ја прифатиме идејата дека малата држава мора да има мали амбиции. Одбиваме да веруваме дека нашите деца треба да си заминат надвор за да успеат. Одбиваме да ја прифатиме приказната дека Македонија е премногу мала за големи работи, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е и актуелен претседател на Владата. 

На партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци, Мицкоски пред сопартијците и симпатизерите на партијата рече дека Македонија влегува во деценијата на зрелост и дека државата мора да успее. 

– Македонија е доволно голема колку што е голема нашата волја да ја направиме подобра. И денес таа волја постои. Зрела е. Посилна од било кога. Затоа што денес не почнуваме нешто ново – денес продолжуваме нешто започнато пред генерации. Го продолжуваме стремежот за државност; за достоинство; за место под Сонцето што никој не може да ни го одземе. Нека се слушне од оваа сала до секој дом во земјава: ова е времето на создавање, не на чекање. На визија, не на страв. На обединување, не на пресметки. На изградба, не на извинување. Македонија влегува во деценијата на зрелост. А ние, собрани денес, сме должни да бидеме генерацијата што ќе ја постави темелната линија: дека државата може, дека државата знае и дека државата ќе успее. Ова е нашето ветување. Ова е нашиот завет. Ова е нашата мисија, подвлече Мицкоски.

Реклама

Рече дека државата не се гради со зборови, туку со карактер и дека иднината не ја носат храбрите говори, туку храбрите одлуки.              

– Во животот на секоја генерација постои момент кога историјата престанува да биде учебник и станува обврска. Пред нас е точно тој момент. Денес, тука, не зборуваме само за програми, за платформи, за бројки или мерки. Зборуваме за нешто поголемо: за обновата на македонската самодоверба. За враќање на чувството дека оваа земја не е случајност, туку наследство; не е експеримент, туку победено право; не е компромис, туку завет од генерации што се бореле за да постоиме ние. И затоа, нашиот повик денес е повисок од политиката. Тој е повик да престанеме да бидеме публика во сопствената држава. Да престанеме да дозволуваме стравот, цинизмот или навиката да го определуваат нашиот пат. Македонија не смее да живее во дефанзива. Таа мора да застане исправено, со достоинство, со јасна мисла и со волја што не се крши. Затоа, денес ја обновуваме големата идеја: дека државата е заеднички дом на сите, но обврска пред секого. Дека слободата не е подарок, туку дисциплина. Дека модерната Европа не е географија, туку вредност. И дека напредокот не доаѓа од оние што чекаат, туку од оние што тргнуваат да го создадат. Ние сме тие што мора да тргнат. Затоа што никој од надвор нема да ни ја изгради државата. Ниту ќе ни ја заштити историјата. Ниту ќе ни ја напише визијата. Тоа е наша чест, наша должност и наша генерациска мисија, рече Мицкоски.