Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Јаневска: Универзитетите со најдобри резултати ќе добијат најмногу средства од државниот буџет

Универзитетите што ќе покажат најдобри резултати ќе добијат најмногу средства од државниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетите што ќе покажат најдобри резултати ќе добијат најмногу средства од државниот буџет, најавува министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

– Ќе се обидеме заедно со групата со која работиме да најдеме начин универзитетите да добијат развојна компонента. Оние што ќе имаат најдобри резултати да добијат поголем буџет за  разлика од оние кои нема да покажуваат резултати да добијат помал буџет годишно што го дава државата. Ќе се потрудиме да обезбедиме соодветен кадар според систематизацијата на факултетите, универзитетите, ќе ја зајакнеме контролата во приватните универзитети за кои сме свесни дека не продуцираат квалитетен кадар, ќе ги зголемиме студентските права, изборите на раководните функции во универзитетите ги демократизираме, рече вечерва Јаневска.

Таа најави дека Министерството за образование наскоро ќе објави нова драфт верзија на концепцијата за гимназиско образование во насока на негово прилагодување со совремните текови во општеството.

Реклама

– Ќе имаме нова концепција за гимназиското образование, многу бргу ќе понудиме нова драфт верзија и ќе ја ставиме на дискусија. Ако не биде до крај на годинава, ќе биде во јануари, рече Јаневска. 

Истакна дека концептот треба да биде прифатен од мнозинството чинители во образованието за да се применува.

– Ќе имаме нова концепција, ќе се потрудиме да е максимално содветна на новото време и брзиот технолошки развој со дигитализација, вештачката интелигенција. Ја сменивме матурата, тоа што долги години беше барано средно стручната да се разликува од гимназиската и ќе се разликува од гимназиската. Добри чекори правиме за кои ќе очекуваме резултат по четири-пет години, рече Јаневска.

Истакнувајќи дека треба да се цени знаењето, а не дипломата, порача дека „наставниците треба да се вложат реално да ги оценуваат децата“. 

Оцени и дека наставнициите се ранлива категорија и најави дека МОН во новиот закон за наставници ќе  бара начин како да ги заштити за да не бидат, како што рече, подложни на влијание на која било власт, училишна, централна, локална, туку да бидат ценети и почитувани според своите компетенции.  

– Наставниците главно се жалат на притисоци од родителите, има вмешување и од политиката, има и малку би рекла трговски однос меѓу родителите и наставниците, но генерално се родителите и односите во нашите традиционални средини кога луѓето сметаат дека треба да си помогнат, рече Јаневска.

Кај наставниците се спроведуават најразлични едукации и, како што посочи, може да има и за справување со притисоците.