Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК),  Мухамед Али, по покана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК),  Мухамед Али, по покана на Министерството за одбрана, учествувал на завршната сесија од меѓуресорските работилници и штабните вежби за градење национална отпорност, која се одржала во Домот на Армијата, објави денеска ЦУК на својата фејсбук страница.

Во рамки на настанот се одржува тридневната „Работилница за градење на отпорност помеѓу институциите“, организирана од Министерството за одбрана и Институтот за безбедносно раководење од САД, како дел од програмата за цивилно-воена подготвеност.

На настанот, стои во објавата, се обратиле и амбасадорката на САД, Анџела Агелер како и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Реклама

– Во своето обраќање, директорот Али истакна дека современите предизвици – од екстремни природни непогоди до хибридни закани – бараат модернизација, дигитализација и засилена меѓусекторска координација. Тој ја нагласи и важноста на примена на севладин пристап, редовни обуки и вежби со цел унапредување на националната и колективната отпорност во рамки на НАТО, се вели во објавата.