Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Герасимовски: Работнички добива модерна ФИБА сала, паркетот се поставува, се монтираат семафорите

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид во завршните градежни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид во завршните градежни активности во салата „Работнички“, која добива современ изглед и целосно ги исполнува ФИБА стандардите за одржување натпревари од највисоко ниво, се вели во соопштението од Општина Центар. 

Во моментов се поставува нов паркет на теренот со површина од 700 квадратни метри, кој одговара на ФИБА стандардите за натпревари од ниво 1, а неговото целосно завршување се очекува во текот на следната недела.

„Пред самиот крај сме – завршуваме еден голем процес и во исто време отвораме ново поглавје за нашиот „Работнички“. Го остваривме тоа што го замисливме, па дури и повеќе , добивме сала по ФИБА стандарди“, изјави Герасимовски.

Реклама

Објектот е целосно енергетски ефикасен. Поставено е подно греење, со што се овозможуваат значителни заштеди на енергија, а инсталиран е и современ климатизациски систем за ладење, греење и проветрување. Фасадата е исто така енергетски ефикасна, со што се обезбедува долготрајност и економичност во користењето.

Трибините се целосно завршени, а во тек е поставување на заштитни огради согласно противпожарните стандарди. Амбиентот во салата е во боите на КК „Работнички“, со црвени столчиња и бело-црвени ѕидови.

Дополнително, во наредната фаза ќе се доинсталираат семафорите, додека озвучувањето и осветлувањето веќе се целосно финализирани.

На приземјето се обезбедени вкупно шест соблекувални за екипите и судиите, како и простории за медицинска интервенција и за допинг-контрола. Поставени се тоалети за посетители, вклучително и инклузивни, со пристапна рампа, а во административниот дел се предвидени простории за конференции и состаноци.

Бројот, големината и намената на дополнителните простории се реализирани во координација со Македонскиот олимписки комитет, Кошаркарската федерација на Македонија и другите спортски федерации, со цел салата да ги задоволува сите стандарди за меѓународни натпревари и да придонесе за унапредување на спортот во Центар и Скопје.

На обиколката присуствуваа и ветераните на „Работнички“, Митко Луковски и Огњан Герасимовски, кои го поздравија напредокот и изразија поддршка за овој значаен проект.