Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност во услови на криза

Триото Заев, Филипче и Николовски во ек на криза функционирало како врзан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триото Заев, Филипче и Николовски во ек на криза функционирало како врзан систем на крвни садови, креирале коруптивна шема и директно ја загрозиле националната безбедност со игрите со стоковите резерви, со отписот па со купувањето на прескапа пченица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност во услови на криза а намалувањето на стоковните резерви претставува директно загрозување на националната безбедност и не смее никој да се дрзне да отпишува 2.000 тони пченица во криза.

Во секој потег на Заев, Филипче и Николовски од нивната шема се отвара сомнеж за сериозни злоупотреби, корупција и огромен профит. Од отписот на жито, прескапата набавка до доделениот грант.

Реклама

Отпишале 2.000 тони пченица, отвориле 2 тендери за 20.000 тони жито што го платиле 1,3 милиони, по поскапа цена и како гратис услуга Николовски издејствувал 1,4 милиони грант за „Мамас“ на кланот Заеви.

Николовски во 2022 година направил набавка на 20.000 тони жито, по отписот на кусокот што го потпишале Заев и Филипче но набавките за житото биле поскапи за цели 1,3 милиони евра.

20.000 тони пченица државата ја чинело 532 милиони денари или 8,6 милиони евра, односно еден тон жито бил 26,625 денари, а килограм 26,6 денари.

Но, пченицата била набавена од Србија, цената на берзата во Нови Сад била 20,5 денари, дополнително трошоци за транспорт од 1,5 до 2 денари по килограм се доаѓа до цена од 22,5 денари, што е за цели 4 денари помалку од оние кои државата ги платила поради Љупчо Николовски, Заев и Филипче, или 1,3 милиони евра повеќе пари биле потрошени на граѓаните.

Николовски да каже зошто државата платила 1,3 милиони евра поскапа сума за житото во стоковите резерви? Кој се ќарил од набавката на жито и колкав процент? Дали грантот за Тргопродукт од 1,4 милиони евра е подарок и контра услуга на Заев?

ЈО и ДКСК да отворат постапки  и сериозно да го истражат случајот.