Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Министерот Перински во посета на Општина Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски денеска во својот работен кабинет одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски денеска во својот работен кабинет одржа координативно – информативна средба со министерот за локална самоуправа, Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими. На состанокот, градоначалникот Лукровски ги запозна присутните со тековните активности на локалната самоуправа, како и со досегашните активности на Советот на Општина Карпош. Во рамки на средбата, министерот Перински истакна дека Карпош е пример за современа и урбана општина со активна заедница и силни локални иницијативи и граѓани, кои непосредно учествуваат во креирањето на локалните политики. По координативната средба, веднаш беше одржан работен состанок со членовите на Советот на Општина Карпош и со претставниците од општинската администрација.

Како што се наведува во соопштението од Општина Карпош, во таа насока, министерот Златко Перински ги запозна присутните со двата главни приоритети, со чија реализација на подолг рок ќе бидат детерминирани аномалиите, но исто така ќе бидат решавани и предизвиците со кои се соочуваат градоначалниците, општинската администрација, како и граѓаните на локалните заедници. Имено, станува збор за предлог – измените на Законот за локална самоуправа, кои ќе се фокусираат на т.н. референдумски отповик, односно смена на градоначалниците, кој би претставувал моќна демократска алатка за жителите на нашата држава.

Перински, како што се посочува, зборувал и за разгледување на можноста за изнаоѓање на правни регулативи, со кои ќе се санкционира девијантното однесување на лицата кои ја вандализираат урбаната опрема која ја поставуваат општините на своја територија. Според министерот Перински, од големо значење е и подигнување на нивото на транспарентноста на градоначалниците, Советот и општинската администрација, во корист на своите сограѓани.

Реклама

Како втор приоритет, Перински го посочи неопходниот процес на дигитализација, на кој активно работи Министерството за дигитална трансформација. Во тој поглед беа разгледани повеќе идеи за создавање на одржливо системско решение (како еден вид децентрализација), преку дигитализација на услугите кои ги нудат општините кон своите граѓани. Притоа, фокусот бил насочен кон детерминирање на деталните активности кои би биле дел од работата на Ресурсниот центар, кој ќе функционира како поддршка за општините во Македонија.

– Станува збор за центар како контакт точка кој ќе обезбеди поддршка која ќе гарантира зголемување на капацитетите на локалната самоуправа, што од друга страна ќе доведе до поквалитетни локални услуги за секој граѓанин. Инаку оваа активност се одвива со соработка со Швајцарската Влада преку продолжување и институционализација на осумгодишниот проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, Делегација на ЕУ и поддршката од нашата Владата имплементирана преку УНДП, наведуваат од Општина Карпош.

Во рамки на денешната средба присутните се запознале и со Платформата за управување со владините проекти, како корисна алатка со која граѓаните ќе бидат секогаш информирани за трошењето на јавните средства наменети за локалниот развој.

– Целта на оваа платформа е да осигура ефикасно управување со јавниот сектор, да ги подобри условите за лесно достапни, отчетни и следливи информации за граѓаните и да го поттикне економскиот развој преку стратегиско планирање и реализација на проектите од јавен интерес. Министерот за локална самоуправа стави акцент на ангажирање на нашите домашни експерти, кои ќе имаат можност директно да се инволвираат во процесот на премостување на евентуалните проблеми, со кои ќе се соочуваат градоначалниците и општинската администрација, се наведува во соопштението. Министерот Перински објаснил дека овие експерти ќе работат на трошок на гореспоменатиот Ресурсен центар.

По опширното излагање на министерот Перински, меѓу присутните се разви отворена дебата, каде членовите на Советот и претставниците од општинската администрација дискутираа околу актуелни теми кои ги засегаат карпошани.

Инаку, пред денешната средба, претпладнето, градоначалникот Лукровски присуствуваше и на промоцијата на веб страницата proekti.gov.mk, која се одржа во просториите на Клубот на пратеници. На настанот кој го организираше Владата на РСМ и Министерството за локална самоуправа, присуствуваше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и градоначалниците на повеќе општини ширум државата, информираат од Општина Карпош.