Реклама

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Индонезија, Листиана Оперананта

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на свечена церемонија ги прими акредитивните писма на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на свечена церемонија ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Индонезија, Листиана Оперананта, со седиште во Софија.

Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, изразила задоволство од динамиката на билатералните односи, воспоставени на 25 мај 1993 година, истакнувајќи ја важноста на продлабочувањето на соработката на политички план, во меѓународните организации, како и во економијата.

На средбата претседателката ја нагласила важната улога на почесниот конзул на Индонезија, Сашко Кедев, во зацврстувањето на пријателските односи меѓу двете земји, како една од причините за доделување на орденот „8 Септември“.

Реклама

Таа ја потенцирала важноста на дијалогот меѓу македонската и индонезиската парламентарна група за развојот на демократијата во двете држави.

Според неа, обете држави се познати по извонредните природни убавини и богатото културно наследство што претставува одлична основа за интензивирање на културна соработка и развој на туризмот.

Сиљановска-Давкова се заблагодарила за стипендирањето на македонските студенти во рамките на програмата Дармасисва.

Претседателката Сиљановска-Давкова ѝ посакала успех на амбасадорката Листиана Оперананта во извршувањето на одговорната дипломатска функција.